Со својот петти сезонски гол, Иван Тричковски ја потврди третата сезонска победа на АЕК Ларнака во кипарското првенство. Вечерва на гостувањето кај Ерзурум, македонскиот репрезентативец продолжи со фантастичната гол-форма и постигна петти погодок за останување на врвот на листата на стрелци во тамошниот шампионат.

АЕК Ларнака славеше на гостувањето кај Ерзурум со 2:0, а во составот на гостите Стефан Спировски почна од клупата и ги одигра псоледните 30-минути на средбата.