Фудбалерите на Ајакс вечерва имаа неверојатно гол-шоу на гостувањето кај Венло во мечот од 6. коло на холандскиот шампионат обезбедувајќи рекордна победа од 13:0. Гостите играа со фудбалер повеќе од 52. минута, што беше само предуслов плус да ја наполнат до врв мрежата на домашните и да им го нанесат најсрамниот пораз во клупската историја.

Ајакс со овој триумф стана првиот тим во историјата на холандската Прва лига кој успеал да постигне 13 гола на прволигашки меч. Претходниот рекорд со 12 постигнати гола на еден меч беше исто така сопственост на Ајакс, но од далечната 1972 година. Тогаш момците од Амстердам го „растурија“ Витесе победувајќи го со 12:1.