Тачи: Време е Косово да стане членка на ООН

24.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тачи: Време е Косово да стане членка на ООН

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денес, на Денот на Обединетите нации, рече дека е време Косово да стане членка на таа светска организација.

„Улогата на ООН во градењето мир и стабилност во светот останува важна“, напиша Тачи во објавата на Твитер.

Според него, денес, кога човештвото се соочува со нови предизвици, клучно е „да останеме обединети во зачувувањето на сигурната иднина на нашите земји“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата