Ваква АЛЧНА И ДРЧНА НЕВЕСТА не сте сретнале до сега

24.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ваква АЛЧНА И ДРЧНА НЕВЕСТА не сте сретнале до сега

Двојката требало да се венча за два месеци, а на гостите им порачале дека се надеваат дека коронавирусот нема да ги спречи да дојдат – затоа што ги сакаат своите пари.

Луѓето оваа невеста ја нарекле површна затоа што таа се обидела да ги натера гостите што ќе дојдат на нејзината венчавка да и дадат 30.000 фунти (околу 35.000 евра) – за да можат таа и нејзиниот вереник да ја финансираат свадбата, но и кралскиот меден месец.

Својата идеја ја споделила на Фејсбук, а објавата подоцна се прошири и на „Редит“, каде брзо станала вирална. Идната невеста, според тоа, се обидува да ги убеди семејството и пријателите да и дадат пари за да можат таа и нејзиниот невенчан сопруг да уживаат и да патуваат низ Европа.
Ви се радуваме, но повеќе на вашите подароци, планирала невестата.

„Се надевам дека одлично ќе се снајдете и дека ќе ги подготвите сите свадбени подароци… Навистина едвај чекаме сите да ве видиме, но исто така очекубваме и подароци“, напишала, меѓу другото девојката.

Кој би сакал да пропушти ваков арогантен и алчен спектакл?!

„Ова е лошо затоа што имаме минимална цел за износ од 30.000 фунти. Дами и господа, повеќето од овие пари ќе ги покријат трошоците за неверојатната венчавка. Помислете на целата храна, пијалок и забава што ќе ги имате… “, објаснила таа во објавата.

Невестата е толку решена во намерата што дури осмислила и награди за подарување пари, кои се движат од благодарница па до долната облека на невестата. Оние кои посебно „ќе се истакнат со износот“ ќе добијат еден викенд поминат со парот во Европа.

Луѓето се згрозени и не штедат на критики.

Многумина го осудиле ова однесување и нејзините бизарни барања, нагласувајќи дека таа не е единствената која се бори со проблеми поради вирусот корона и на која и требаат пари.

„Фасциниран сум од тоа како ваквите луѓе воопшто имаат пријатели“, „Ова повеќе личи на нешто што некој би го објавил на платформата Only Fans, а не за сопствените пријатели и семејство“, „Да, парите на сите ни растат на дрво“, се само некои од коментарите од згрозените корисници.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата