Ужас ја потресе Босна и Херцеговина, откако се појави видео во кое се гледа како мигрант во Тузла нападнал повозрасна жена, којашто продавала овошје.

Според локалните медиуми после инцидентот, жената од Тузла со иницијали Ф.А. (1955) била пренесена во клиничкиот центар во Тузла.

Според неофицијални информации, нападот го извршил Алжирец, објави „Тузлански.ба“, од каде што објавија видео на кое се гледа како мигрантот физички ја напаѓа жената.

Веднаш по нападот реагирала полицијата, по што Алжирецот е уапсен

Сите понатамошни мерки и активности во врска со овој случај ќе бидат преземени од во соработка со дежурниот обвинител – за „Тузлански.ба“ вели портпаролката на Полицискиот директорат, Амра Капиџиќ.

Очевидци изјавиле дека пред да ја удри жената, која продавала зеленчук и други прехранбени производи, мигрантот им создал проблеми и на вработените во пазарот „Бинго“, што се наоѓа во близина

Тој беше видливо под дејство на некои опијати (алкохол или некоја дрога), беше целосно вознемирен и се однесуваше агресивно. Снимив за да го покажам неговото однесување, не сфаќајќи дека ќе употреби сила на таков брутален начин, штом го стори тоа, тој беше совладан до доаѓањето на полицијата – изјавил очевидецецот кој го снимил инцидентот.

По апсењето и мигрантот се пожалил на болка лишувањето од слобода, мигрантот исто така се пожалил на болка поради наводни тепачки во кои учествувал порано па и тој е испратен на лекарски преглед.

Најчитани вести