Рекордни 728 новозаразени со коронавирус во БиХ, починаа 20 лица

20.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекордни 728 новозаразени со коронавирус во БиХ, починаа 20 лица

Институтите на ентитетите во Босна и Херцеговина во вторникот регистрираа рекордни 728 нови случаи на коронавирус, а починале 20 лица.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.

Досега се тестирани вкупно 184.117 примероци, а SARS-CoV-2 е потврден кај 22.967 лица.

Заклучно со вторникот, 17.759 пациенти биле излекувани во БиХ, а во изминатите 24 часа е забележано опоравување кај 103 пациенти. Во моментов, 4.555 случаи се позитивни на вирусот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата