Синот на Роберт Редфорд почина по долга борба со рак

20.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синот на Роберт Редфорд почина по долга борба со рак

Синот на актерската легенда Роберт Редфорд, Џејмс Редфорд, почина на 58-годишна возраст по долга борба со рак на црниот дроб.

Џејмс почина во својот дом во округот Марин, Калифорнија, а веста ја потврди неговото семејство со емотивна објава на социјалните мрежи. Џејмс се борел со примарен склерозирачки холангитис скоро 30 години – ретка автоимуна болест што го погодува црниот дроб. За ракот дознал минатата година кога чекал во болницата за трансплантација.

Портпаролот на неговиот татко, Роберт, (84), рече:

„Тагата е неизмерна со загубата на дете. Џејмс беше син, сопруг и татко кој ги сакаше сите. Неговото наследство живее преку неговите деца, уметноста, снимањето филмови и посветената страст за зачувување и животната средина”.

„Џејми почина денес. Срцето ни е скршено. Живееше убав живот и многумина го сакаа. Ќе ни недостасува длабоко. Како негова 32-годишна сопруга, јас сум најмногу благодарна за двете убави деца што ги одгледавме заедно. Не знам што би правеле без нив во изминативе 2 години“, напиша неговата сопруга  на „Твитер“.

Борбата на Џејми со здравјето започна како дете кога тој доби две трансплантации на црн дроб во 1993 година. Потоа го основал Институтот за свесност за трансплантација „Џејмс Редфорд“, со цел да ги едуцира луѓето за донирање органи и ткива.

Подоцна, заедно со неговиот татко Роберт, беше коосновач на непрофитниот центар „Редфорд“, чија цел е да продуцира филмови, па дури и да им дава грантови на режисерите кои се фокусираат на животната средина и климата, во надеж дека ќе најдат решение за климатските промени.

Роберт го доби Џејмс од бракот со Лола ван Вагенен, со која беше во брак од 1958 до 1985 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата