Екипата на Тиквеш е лидер во моментов на второлигашката табела на Истокот. Со дваесет освоени бодови, и со подобра гол разлика од директниот конкурент Брегалница. До крајот има да се игра уште многу, и секако ништо не се знае, но доколку се биде како што треба, до пролет треба да ја имаме една од најголемите битки видени во нашиот фудбал барем што се однесува до пласманот. И Тиквеш и Брегалнива имаат амбиција да влезат во „елитата“, да бидат прволигаши, и на таа тема подготвени се да направат што е можно повеќе.

СТАДИОНОТ СЕ РЕНОВИРА ВО „ТУРБО“ РИТАМ

Во Кавадарци во моментов на фудбалски план се случуваат многу нешта. Пред се околу стадионот. Своевидна реликвија, се досега, градежните работи на најголемиот фудбалскји објект во Кавадарци во моментов се во полн ек, и наскоро стадионот ќе добие еден сосема нов лик. За тоа заслужни се секако првенствено ФК Тиквеш и неговите раководни структури на чело со претседателот Миле Масларков, но и гратските власти на чело со градоначалникот Митко Јанчев. Од таму пак, доколку Тиквеш конечно се врати во првата лига, ветена е премија од 50.000 евра за фудбалерите кои реално и го носат најголемиот товар во моментов, да го вратат овој Македонски фудбалски бренд онаму каде што му е местото.

СЛИКИ: РТК

ЛОЗАРИ НА СЕКОЕ ГОСТУВАЊЕ

Како ретко која ннавивачка група во моментов, Лозари се и тоа како активни и го следат својот тим на секој натпревар. Од Кавадарци велат дека навивачите тоа го прават со сопствени средства, што е уште еден показател колку во моментов на Кавадарци му значи Тиквеш и неговиот успех.
Затоа и играчите, стручниот штаб како и сите останати кои се дел од ФК Тиквеш во моментов знаат дека не се сами во оваа битка, дека цело Кавадарци стои зад нив, и дека евентуалниот успех ќе биде колективен и на истиот ќе се слави како на еден од најважните во поновата историја на спортот во овој град.