Костадиновска: Онлајн настава следат 88 проценти од учениците

20.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Костадиновска: Онлајн настава следат 88 проценти од учениците

Денес онлајн наставата успешно без поголеми потешкотии ја следат околу 88 проценти од учениците, и оваа бројка од почетокот на учебната година, до сега е зголемена за 18 отсто, истакна на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска.

Пратеничката оцени дека секојдневно се докажува оти комбинираниот модел бил повеќе од потребен, а онлајн наставата апсолутно потребна и неизбежна.

„Важно е да се истакне дека во моментот во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство, под строго утврдени протоколи и алгоритми. Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од Ковид-19 и со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје. Најважно од се е, образовниот процес да тече непречено во услови на пандемија што не беше ни лесно да се обезбеди“, рече Костадиновска.

Како што додаде, пречките секојдневно се надминуваат, па се очекува наскоро сите ученици да имаат услови за следење на настават непречено, а учебната година да биде успешна и покрај пандемијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата