ЛЕПА БРЕНА СЛАВИ РОДЕНДЕН-Влегува во седмата деценија и изгледа неверојатно

20.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛЕПА БРЕНА СЛАВИ РОДЕНДЕН-Влегува во седмата деценија и изгледа неверојатно

Лепа Брена денес, на 20. октомври го слави роденденот, а овој пат е јубилеен. Една од најголемите sвезди на Балканот полни шеесет години.

Лепа Брена влегува во својата седма деценија и изгледа се' подобро и подобро.

А во нејзиниот живот, покрај неверојатната кариера, најголема среќа е хармоничното семејство, кое е полно со љубов.

Токму од семејството, Брена ги доби своите први роденденски честитки.

Односно, нејзината снаа Александра Пријовиќ прва и го честиташе роденденот, споделувајќи заедничка фотографија на нејзиниот Инстаграм со порака:

-Среќен роденден, Беки!

Брена на нејзиниот Инстаграм профил споделува честитки кои пристигаат од цела бивша Југославија, па и подалеку.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата