Поранешниот репрезентативец на Камерун, Самуел Ето, го критикуваше „Франс Фудбал“ дека е вклучен во списокот на кандидати за најдобри играчи во историјата на фудбалот како десно крило.

Триесет и деветгодишниот Камерунец ги потсети новинарите дека во поголемиот дел од својата кариера играше како центарфор.

„Благодарам, но поминав само 1-2 сезони десно, додека 25 години како центарфор. Недостиг на почит од Франс Фудбал“, напиша Ето на Твитер.

Во својата богата фудбалска кариера Ето беше дел и од европските гиганти како Челзи, Интер, Барселона, Реал Мадрид,…