Реал Мадрид не ја стартуваше сезоната онака како што посакуваше, а Зинедин Зидан беше „мета“ на критики пред се поради тоа што се откажа од многу играчи во овој преоден рок, а не купи речиси ништо.

Така од Мадрид замина Хакими кој отиде во Интер, а исто така заминаа и Хамес Родригез, Борха Мајорал, Регилон, Рениер, Герет Бејл…

Францускиот тренер се најде на критики од страна на својот претседател Флорентино Перез. Перез наводно му замерил на Зидан за откажувањето на Родригез, кој што има одличен старт на сезоната во Евертон во Премиерлигата.

Меѓутоа Зидан и Родригез никако не функционираа заедно во Реал. Не сметаше Французинот на него ниту во првиот мандат, па затоа се одлучи да го даде на друг клуб.