„Железна“ бабичка: 83-ГОДИШНАТА МУ ВОЗВРАТИ СО ПАТЕРИЦА на крадецот кој сакаше да го укради прометот (ФОТО)

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Железна“ бабичка: 83-ГОДИШНАТА МУ ВОЗВРАТИ СО ПАТЕРИЦА на крадецот кој сакаше да го укради прометот (ФОТО)

83-годишна баба деновиве главна тема по британските медиуми.

Тоа е така бидејќи старата жена не дозволила крадец да и ја ограби продавницата. Џун Тарнер (83) го удирала со тврди предмети крадецот кога тој побарал од нејзе да му ги даде парите од прометот.

Старата жена веќе 45 години е сопственик на продавницата и во моментот кога младиот човек влегол, таа била позади шалтерот. Безбедносните камери го снимија целиот момент кога Џун му се спротивстави на младиот човек, па дури и го удри со патерицата. По реакцијата на Џун, младиот човек брзо ја напушти продавницата, без да земе ниту една фунта со себе.

За својата храброст, Џун Тарнер ја добила и наградата „Single Act of Bravery“, награда што се доделува во Британија на луѓе кои вршат храбри дела.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата