Фоткава најдобро ќе биде да е од оние - БЕЗ КОМЕНТАР! И да се покриеме и да молчиме, да не не убие туѓиот срам... Зашто наместо на сигнализацијата да е напишано она кон што знаците водат, пишува нешто сосема друго.
Па, веројатно, возачите кои ја следат истата ќе мислат дека место кон патарина возат кон механичарска работилница. Оти наместо да стои „pay toll“, пишува „pay tool“, а tool (за оние што не знаат) во превод од англиски значи алат.
Дечки нешто преведувач, лектор... Некој учен, нешто?!