Актерот Метју Меконахи прв пат јавно зборувал за смртта на својот татко Џејмс, кој починал во 1992 година, и признал дека му се треселе колената кога ја дознал трагичната вест за смртта на својот татко. 

„Не можев да верувам. Ми беше татко. Никој и ништо не можеше да го убие. Освен мама. Секогаш мене и на моите браќа ни велеше: „Дечки, кога ќе заминам, тоа ќе се случи додека водам љубов со мајка ви.“ И така и се случи. Доживеа срцев удар кога го достигнал врвот“; раскажал Оскаровецот и сите ги изненадил со својата семејна тајна.

Открил и дека одност на неговите родители бил мошне турбулентен, како и дека понекогаш биле насилни еден кон друг, но и се развеле два пати, а три пати се венчале. 

„Тоа беше како Тихи Океан среде бура“, раскажал Меконахи. 

Најчитани вести