Баерн стигна до својата прва победа на гости во новата сезона во Бундеслигата откако ја победи Арминија со 1-4 во Билефелд.

Милер погоди во осмата минута, а до крајот на првото полувреме одличниот Левандовски постигна уште два гола.

На стартот на второто полувреме, Милер погоди и за големи 0:4, па следуваше утешен гол за домашниот тим кој го постигна Доан во 58-та минута.

Баерн го заврши мечот со играч помалку откако Толисо доби црвен картон.

Со оваа победа Баерн на најдобар можен начин одговори на претходните триумфи на РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд.

Standings provided by SofaScore LiveScore