Ливерпул и Евертон одиграа 2:2 на „Гудисон парк“ во Премиер лигата меѓутоа остана спорен моментот во последните секунди од мечот кога судијата Мајкл Оливер го поништи погодокот на Џордан Хендерсон за 3:2. Тоа беше убав пас до Садио Мане кој го пронајде Хендерсон во срцето на шеснаесетникот, а овој го погоди голот. И додека се радуваа фудбалерите на Ливерпул ги олади Оливер.

По консултација со колегите од ВАР собата свирна офсајд на Мане. Чудно! Дури ни играчите на Евертон ни нивниот тренер Карло Анчелоти не веруваа во офсајд. А еве ја снимката па проценете дали е точна. Да кажеме дека претходно Пикфорд опасно стартуваше врз Ван Дајк и го повреди, а судијата не покажа пенал.

А стратегот на Ливерпул Јирген Клоп беше лут.

Игравме фантастично. Тоа беше добар двобој за двете екипи. Ова можеби ни беше најдобриот меч на „Гудисон парк“ откако сум јас во Ливерпул. Резултатот остана 2:2 од различни причини. Според мене ситуацијата со Ван Дајк беше чист пенал, но потоа видовте како знаменцето беше кренато. Такво лизгање на смее да си дозволи ниту еден голман во казнениот простор. Ако не беше офсајд, тогаш тоа беше пенал. Таа ситуација не ја видов добро, но затоа добро го видов голот на Хендерсон. Јас не видов офсајд. Всушност никој не виде офсајд освен судиите. Затоа прашувам што имаше погрешно во голот на Хендерсон. Сакам некој да излезе и да ми објасни“, коментира Клоп.

Ситуациата со Ван Дајк не е добра. Тој игра со болки на секој меч, но сега не можеше да продолжи. Да кажам дека и Тијаго не изгледа добро. Врз него исто така имаше опасен старт“, додаде Германецот.