АЛО! ЌЕРКА ТИ НАПРАВИ СООБРАЌАЈКА, ДАЈ ПАРИ И СПАСИ ЈА ОД ЗАТВОР... Уште една жртва на дрските измамници

17.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АЛО! ЌЕРКА ТИ НАПРАВИ СООБРАЌАЈКА, ДАЈ ПАРИ И СПАСИ ЈА ОД ЗАТВОР... Уште една жртва на дрските измамници

На дрските телефонски измами во кои наводно член на семејството направил сообраќајка, па за одредена сума може да се спаси од затворска казна, никако да им дојде крајот. Последната во низата се случила во текот на вчерашниот ден кога била измамена жена од Крива Паланка и и биле земени 60 000 денари. 

Имено, во текот на вчерашниот ден во 15: 55 часот во Полициската станица Крива Паланка, маж пријавил дека неговата мајка била измамена за сума од 60.000 денари.

Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во Англија и побарало од неа 60.000 денари за ја спаси од затвор. Според пријавеното, жената ги дала парите на лицето на договореното место. По преземени мерки, во врска со настанот бил приведен С.Р.(46) од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата