Народната банка поднесе кривична пријава против одговорните лица во „Еуростандард банка“

16.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Народната банка поднесе кривична пријава против одговорните лица во „Еуростандард банка“

Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје.

Како што информираат од НБРМ, кривичната се однесува на предизвикување стечај на банката.

Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложила и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не споделува подетални информации.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата