“ВОСКРЕСНАЛ“ БУГАРИН: Се било спремно за одење на оној свет, а потоа гробарите забележале нешто чудно и се дале во бегање

15.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“ВОСКРЕСНАЛ“ БУГАРИН: Се било спремно за одење на оној свет, а потоа гробарите забележале нешто чудно и се дале во бегање

Човекот моментално се наоѓа во кома

Во бугарскиот град Сливен, човек кој е прогласен мртов се разбудил додека на него работеле работници од погребално.

Како што јавува телевизија "bTV", 72 годишниот Русе Русев живеел сам, но редовно го посетувале пријатели. На 13 октомври не се јавувал на телефон ниту отварал врата, па неговиот колега решил да повика полиција и брза помош. Лекарите го прегледале Русев и го предале на неговиот пријател каде што дале упат за во гратска куќа, од каде што потоа добил извод од матична книга на починати.

Истиот ден Русев бил однесен од работници во погребално. Спрема зборите на сопственикот на погрбално претпријатие Бисера Тодорова, кога човекот го облекувале за погреб, почнал да покажува знаци на живот.

- Кога го извлековме од сандакот, видевме дека ја проголтал плувачката... Потоа почна да дише, ние му ги затвораме очите – тој ги отвара, ние му ја тргаме раката – тој ја враќа на место. Ни стана јасно дека човекот не е мртов.. Полицијата и брзата помош веднш дошле и го однеле ... Нашите работници се во шок, не дојдоа на работа... За 25 години работа, не сум имала ваков случај – рекла сопственичката на погребалното претпријатие.

Како што наведува телевизијата, во брзата помош каде што на Русев му е констатирана смрт, во тек е внатрешна контрола.

Човекот моментално се наоѓа во кома.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата