Паника во Приштина, СРПСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ ВЛЕГЛЕ НА КОСОВО

11.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паника во Приштина, СРПСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ ВЛЕГЛЕ НА КОСОВО

Приштинскиот портал „Репортери“ објави вест дека припадници на српската жандармерија наводно биле забележани повторно како влегуваат на територијата на Косово, и дека тоа се случило вчераутро во селото Кике во општина Каменица.

„Репортери“ наведува дека еден од жителите на тоа село објавил видео и фотографија на социјалните мрежи, со порака дека српската жандармерија влегла во областа на селото точно во 11,30 часот.

„Репортери“ јавуваат дека тој контактирал со канцеларијата на градоначалникот на Каменица, Кендрон Кастрати, кој рече дека нема официјални информации за овој случај.

Во текстот на албанскиот портал се вели дека ова не е прв пат српската жандармерија да влезе на територијата на Косово и дека истото се случило минатиот месец кога биле видени припадници на српската полиција во селото Карачево во истата општина.

За ова неодамна зборуваше и министерот за полиција Агим Велџиу на собранието на Косово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата