Ниами: Беса Арифи нека ви го решава проблемот со Законот со јазиците

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ниами: Беса Арифи нека ви го решава проблемот со Законот со јазиците

Законот за употреба на јазиците постепено се имплементира рече вчера вицепремиерот БујарОсмани, но проблем и натаму останува преводот.

Во 1300 институции коресподенцијата се врши само на македонски јазик, затоа што недостасуваат преведувачи за документите да бидат точно и прецизно преведени.

На изјавата на Османи реагира преведувачот Емил Ниами, славист и долгогодишен лектор по македонски јазик на странските универзитети.

Пред година и пол укажав на проблемот што ќе го предизвика Законот за јазици. Бујар Османи денес се пожали. И сега што? Ви реков, ама вие сте самобендисани корумпирани политиканти на кои к*р не им чуе за професионалците. Сега нека ви го решава проблемот Беса Арифи, зашто таа ве тапкаше по рамо без да размисли за неговата имплементација. Ама, така ви е, кога слушате некој со претрчано образование и научни степени добиени со врски!

Работната група за спроведување на Законот за јазиците на вчерашниот состанок заклучила да  се интензивира соработката и да се овозможат подобри услови за работа на новоформираната Агенција.

Во наредниот период ќе се формира и Инспекторат кој ќе се грижи за спроведување на Законот како на централно така и на локално ниво.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата