„Различни, а сепак исти“ – Во Прилеп одбележан Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Различни, а сепак исти“ – Во Прилеп одбележан Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија

Со делење на флаери, книги, виолетови маички и балони за најмладите, волонтерите од здружението „Епилепсија Македонија“, учениците од основните и среди училишта денеска под мотото „Различни, а сепак исти“,  на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ го одбележаа 26 март, Меѓународниот ден за поддршка на лицата со епилепсија, познат како „Виолетов ден“. Целта на кампањата која ја спроведува здружението „Епилепсија Македонија“, поддржана од Општина Прилеп е подигање на јавната свест, за видот и карактерот на ваквите и слични болести со кои се соочуваат овие целни групи и нивна полесна инклузија во заедницата.

„Мислам дека нашето општество и ние како локална самоуправа даваме максимална подршка на сите оние кои го подржуваат здружението „Епилепсија Македонија“, кои со својата работа на секој еден начин придонесуваат за поголема интеграција на оваа категорија на граѓани во нашата зедница. Луѓето треба да се едуцираат секојдневно, а доколку се најдат во ситуација со лице заболено од епилепсија да знаат и како да му помогнат. Како локална власт и понатаму посветено ќе работиме во насока на создавање и осовременување на условите во социјалната сфера, кои во значителна мера ќе го олеснат животот на оваа категорија граѓани. Доволно долго живееме во општество, стигматизирано од недоволна едукација за ваквите и слични болести со кои се соочуваат овие лица“, истакна градоначалникот Јованоски.

„Сакам да се заблагодарам на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски затоа што не подржува во сите проекти и овозможува реализација на денешниот ден и апелирам до сите граѓани да ги поддржат несебично сите лица со епилепсија, затоа што тие се исти како и сите останати граѓани“, вели Илија Биноски волонтер во здружението “Епилепсија Македонија“.

Виолетовиот ден е посветен на напорите за зголемување на свеста за еплипесијата во светот.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата