Дојава за бомба принудно приземји авион на „Сингапур ерлајнс“

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дојава за бомба принудно приземји авион на „Сингапур ерлајнс“

Аларм за закана од бомба беше кренат на летот SQ 423 на „Сингапур ерлајнс“ од Мумбај до Сингапур во вечерните часови во вторникот, но на крај се покажал како лажен, пренесува „Спутник“ цитирајќи ја агенцијата АНИ.

Авионот на „Сингапур ерлајнс“ слетал безбедно на аеродромот „Чанги“ во Сингапур откако пилотот алармирал за опасност од бомба. Сингапурскиот лет превезувал 262 патници.

Авионот полетал од Мумбаи околу 23:55 часот во понеделникот. Предупредувањето за бомба во авионот било примено од авиокомпанијата кусо по полетувањето.

Авиони на Сингапурското воено воздухопловство го придружувале летот до „Чанги“, каде што авионот принудно слетал. Патниците биле однесени на безбедносни проверки по кои полицијата уапси една жена и дете за сослушување.

„Сингапур ерлајнс” потврди дека имало закана од бомба на SQ423, но не даде дополнителни детали.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата