Џејмс Бонд пристигна во Белград

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џејмс Бонд пристигна во Белград

По Џони Деп, кој престојуваше неколку недели во главниот град на Србија и го снимаше филмот „Минамата“, во Белград дојде и познатиот Даниел Крег.

Сè уште не е позната вистинската причина за доаѓањето на Даниел во главниот град на Србија, а некои од можните причини се барање локација за серијата „Purity“, за филмот “The Creed of Violence“, а голема е и веројатноста дека било одлучено да се снима дел од новиот филм „Џејмс Бонд” во Србија.

По исцрпните преговори Даниел се согласи во 2018 година уште еднаш да го игра популарниот таен агент, но ова е дефинитивно последен пат.

Според последните информации, „Бонд 25″ ќе биде во режија на Кери Фукунага.

Како што е познато, инспирацијата за тајниот агент 007, Иан Флеминг ја имал од српскиот агент Душан Попов, кој едно време живеел во Белград.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата