Бран сириски бегалци од Либан наскоро може да ја преплави Европа

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бран сириски бегалци од Либан наскоро може да ја преплави Европа

Економската ситуација во Либан, кој обезбедува засолниште за 1,5 милиони сириски бегалци, може да ги поттикне бегалците да мигрираат кон Европа, рече либанскиот претседател Мишел Аун на состанокот со претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, пренесува ТАСС.

„Имаме 500.000 палестински бегалци и околу 1.5 милиони Сиријци, што е висока бројка за нашата земја”, истакна Аун. “Европа е директно заинтересирана за решавање на ситуацијата, бидејќи сириските бегалци кои престојуваат во Либан не се задоволни од економската ситуација во земјата и наскоро ќе почнат нови миграциски бранови кон Европа”.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата