Oсмани: Фер и натпреварувачка изборна атмосфера ќе ја реафирмира нашата зрелост

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Oсмани: Фер и натпреварувачка изборна атмосфера ќе ја реафирмира нашата зрелост

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со делегација од Секретаријатот за европски прашања, остварија работна средба со претставниците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предводени од Директорот, Зоран Трајчевски.

„Работата на медиумите и заштитата на слободата на јавното изразување претставуваат важни области каде сѐ уште ни е потребен напредок за да ги задоволиме европските стандарди и да создадеме капацитет за справување со современите предизвици на лажните вести, ширењето на горот на омраза итн.“ истакна Османи, посочувајќи на важноста и за развојот на демократските капацитети на државата, но и важноста за исполнување на европските критериуми во периодот пред новиот извештај на Европската Комисија.

„Имаме шанса во периодот што претстои да создадеме фер и компетитивна атмосфера во која ќе се одржат претстојните претседателски избори, и со тоа да покажеме демократска и општествена зрелост, која ќе биде нотирана во Извештајот на Европската Комисија, а од чија содржина, пак, ќе зависи и конфирмацијата на одлуката на земјите – членки на јунските самити, за почеток на преговори со ЕУ оваа година“ истакна Османи, посочувајќи на уверувањето кое го добил од членовите на АВМУ, како и од Директорот Трајчевски, за капацитетот, подготвеноста и одлучноста на Агенцијата да обезбедат фер и натпреварувачка атмосфера за време на кампањата.

Османи ја реафирмираше и подготвеноста на Владата за соработка во насока на обезбедување на сите предуслови и обврски поврзани како со работата на Агенцијата, така и воопшто врзани за областа на медиумите.

Средбата се реализираше во рамки на институционалните посети на Вицепремиерот Османи на институциите надлежни за спроведување на реформите кои беа предвидени во План 3-6-9 и План 18, како и имплементацијата на останатите обврски поврзани со европските интеграции на земјава.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата