СДСМ: Државата чекори напред, довербата во економијата е вратена

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Државата чекори напред, довербата во економијата е вратена

Вратена е довербата во економијата – платите растат, а невработеноста опаѓа, државата чекори напред и враќање назад нема, велат од СДСМ преку соопштение.

„Напредокот во евроинтеграциите и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираа економијата и ја поставија на вистинска патека. Довербата во економијата е вратена, државата се движи во добар правец. Доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година. За само една година стапката на невработеност е намалена за 3,6 отсто и е на историски најниско ниво“, истакнуваат социјалдемократите.

Владејачката партија додава дека континуирано растат платите, се усогласуваат пензиите и се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, кај домаќинствата.

„Владата предводна од СДСМ останува посветена на економските реформи и напредокот во евроинтеграциите, процеси што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните“, додава СДСМ во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата