Раџа Наинголан се враќа во Каљари и потпишува перманентен договор, тврдат медиумите во Италија.

Белгиецот имал голема желба да игра за овој тим, и веројатно ќе му се оствари. Тој се врати во Интер по истекот на позајмицата, но по првиот меч со Фиорентина искажал желба да продолжи во Каљари.

Тој утре треба да биде промовиран во ново-стариот тим. Ќе потпише договор до 2023 година.