„Спортмедиа“ имаше екслузивно право да го следи интервјуто на најдобриот играч во ЛШ за изминатата сезона Роберт Левандовски. Само медиумите кои гласаа за најдобрите во Европа, го имаа тоа право. Нашиот медиум гласаше токму за Левандовски кој на крајот заслужено ја освои наградата најдобар.

„Имаше многу специјални моменти во изминатата сезона – четирите гола во Белград, чудесните триумфи над Тотенхем и Барселона, подигнувањето на пехарот во Лигата на шампионите – тоа се мигови кои ќе ги паметам целиот живот“, рече Левандовски, одговорајќи на прашања од медиумите. 

Тој напомена дека е среќен што ја освоил оваа награда пред Роналдо и Меси.

„Да се биде подобар од Роналдо и Меси навистина е привилегија. Се чувствувам одлично“, рече Полјакот, кој истакна дека сега следува тешка сезона за него и за Баерн. 

„Оваа сезона сите ќе се обидат да бидат Баерн, да не победат. Да се остане на врвот е уште поголем предизвик. Затоа оваа сезона сметам дека ќе биде потешка. Но, ние секогаш сме гладни за победа“, рече Левандовски кој додаде дека коронавирусот го сменил фудбалот. 

„Карантинот го користевме за индивидуална подготовка. Дефинитивно го смени фудбалот во целост, но јас би сакал побрзо да се врати во нормала, и се надевам дека сево ова ќе заврши што побрзо“, изјави Лева, кој што посакува успех и со неговата селекција, со која гостуваше во изминатите квалификации и во Скопје.