Се одиграа првите натпревари од плеј-офот во Лигата на Европа. Во групите се пласираше Аријан Адеми, кој со неговиот Динамо Загреб ја совлада Флора Талин со 3:1, и тоа благодарение на капитенот. Македонецот два пати погоди во мрежата, и практично му обезбеди групна фаза на својот тим.

Црвена Звезда со победата над Арарат Ерменија на меч одигран на Кипар, влезе во групите. Катаи и Фалчинели ја донесоа победата од 1:2.

Таму се плсираа уште и Гранада, ПСВ, Либерец, Лех Познањ и од претходно Клуж.

Вечерва се играат и останатите натпревари, по кои ќе бидат комплетирани учесниците во групите.

ЛИГА НА ЕВРОПА, ПЛЕЈ-ОФ

Клуж – Купс 3:1

Арарат – Ц. Звезда 1:2

Шарлероа – Лех 1:2

Динамо З. – Флора 3:1

Либерец – АПОЕЛ

Малме – Гранада 1:3

Розенборг – ПСВ 0:2