Новата сезона во Бундес-лигата стартуваше денеска. И овој пат македонските репрезентативци се најбројни во овој шампионат, вечерва играа Филип Кузмановски и Мартин Томовски.

На победа се радуваше Кузмановски, неговиот Хановер на домашен терен го Минден со 26-25 (16-11). Нашиот репрезентативец не успеа да запише во листата на стрелци имаше само еден неуспешен обид.

Хановер беше одличен во првото полувреме во кое имаше позитива од пет гола, противникот имаше сериозни обиди во финишот на мечот, но

Томовски пак и неговиот Лудвигсхафен беа совладани на гости кај Лајпциг со 27-19 (12-7). Репрезентативниот голман доби шанса, но не запиша ниту една интервенција.