Според последните потези на тимот на Интер, стоперот Милан Шкриниар сепак нема да го напушти Милано, и и натаму ќе настапува за тимот од Џузепе Меаца.

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, за Скај Италија изјави дека Словакот е битен дел од екипата, и дека е и тоа како потребен.
„Реков и пред неколку дена. Добивме неколку понуди за Шкриниар, но ниту една не беше ниту оддалеку импресивна и на ниво како што заслужува тој. Доволно кажав на оваа тема, тој останува тука“ – изјави Аусилио.