Учебници за сите ученици нема, проблеми во образованието уште од првиот ден на учебната година

1.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Учебници за сите ученици нема, проблеми во образованието уште од првиот ден на учебната година

Првиот ден од учебната година започна со многу проблеми, како што и стравуваа родителите, наставниците и учениците. Иако министерката за образование, Мила Царовска смируваше и велеше дека се е во ред, на површина излегоа освен проблеми со корона и проблем со недостаток на учебници.

Пред неколку дена родителите беа повикани во училиштата да ги подигнат учебниците за своите деца. По подигањето на учебниците увиделе дека во кај некои недостигаат и учебници, дури имало и доста оштетени од кои не би можеле да учат децата.

„Моето дете е шесто одделение. Го земавме комплетот од учебници од училиштето и увидовме дека ни фалат две книги“, вели родител. За овој проблем информираше и порталот Деца.мк каде што се посочија и случаи каде што ученици не добиле ниту еден учебник.

„Ни недостигаат три учебници, но другар на син ми не доби ниту еден. Наставниците ни препорачуваат тоа што ни недостига да го преземеме од учебниците што се достапни на платформата е-учебници“, вели Горица Н. мајка на шестоодделенец во скопската населба Карпош.

Родител на дете од петто одделение вели дека им било посочено некои учебници да ги преземат од електронска форма, но три учебници за петто одделение не биле достапни за преземање.

„Имаме два учебника со работни тетратки. Другите ни стигнаа на е-пошта. Ни препорачаа да ги преземеме од е-учебници, но три за петто одделение не се достапни за преземање. Чекаме понатамошни инструкции од наставниците. Ова не е во ред. Образованието е задолжително и бесплатно за сите. Како да ја следат наставата без учебници“, прашува револтиран татко од скопската населба Гази Баба.

Очигледно е дека проблемите немаат крај во образованието, уште од самиот започнаа да испливуваат на површина.

Извор: Курир.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата