Спасовски за инцидентот во дискотеката во Марино: Сторителите ќе одговараат

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасовски за инцидентот во дискотеката во Марино: Сторителите ќе одговараат

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и рече дека секој мора да одговара за направеното.

Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во Куманово рече дека нема кој да влијае врз истрагата.

„Може да биде вработен во МВР, може да биде вработен во било која институција, меѓутоа тоа не го ослободува за злоделата кои ги направил. Секој ќе одговара за направеното“, рече министерот.

Деновиве на социјалните мрежи активен е таткото на избодениот полицаец, кој се сомнева дека власта се обидува да ги заштити осомничените за нападот, бидејќи се работело за синови на поранешниот градоначалник на СДСМ, Звонко Цветковски, инаку во моментов вработен како советник на Спасовски во МВР. Екс-градоначалникот тврди дека неговите синови не го сториле делото, туку и тие биле повредени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата