Помпео: Нема да стоиме на страна и да гледаме што прави Русија во Венецуела

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Помпео: Нема да стоиме на страна и да гледаме што прави Русија во Венецуела

Секретарот на САД, Мајк Помпео му порача министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, дека испраќањето на војска во Венецуела, ја зголемува напнатоста во оваа земја.

Помпео во телефонски разговор со Лавров предупредил дека САД и земјите од регионот нема да останат на страна доколку Русија презема чекори за да го подджи својот сојузник, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, јави „АП“.

„Континуираното воведување руски војници за поддршка на незаконскиот режим на Николас Мадуро во Венецуела ризикува да ги продолжи страдањата на Венецуелците кои го поддржуваат привремениот претседател Хуан Гуаидо“,  потенцирал Помпео.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата