По четирите порази во серија, и тоа од Македонија ЃП, Шкупи, Работнички и Академија Пандев, Ренова се најде на претпоследното место на табелата. Клубот кој што сосема солидно ја претставуваше Македонија во фудбалска Европа, едноставно не можеше да избега од оној „европски синдром“ кој ги фаќа обично нашите евро – претставници некаде во септември и октомври, посебно тие што немаат долга клупа, како што е онаа на Ренова.

Бујар Ислами, стратегот на Ренова, вели дека постои загриженост по последните резултати на “гипсарите“, но и тоа дека нема место за никаква паника.

Не, нема место за паника. Ренова многу брзо ќе се врати на победничките патеки. Ние очекувавме, можеби не во толкава мерка, резултати како овие по се она што се случуваше во Ренова во последните месеци. Јасно е дека не можеме да се пофалиме со резултатите во последните 3-4 кола, но исто така јасно е дека освен на мечот со Македонија ЃП, ние на ниту еден друг не бевме надиграни. Едноставно таа лоша реализација не чини многу изгубени бодови. Тука пред се своја улога има заморот. Цехот го плаќаме со нашите настапи во Европа, посебно по оној меч со Хајдук. Да кажам дека имавме проблеми со повредите, не можеме да сметаме на Ремзифаик Селмани веќе неколку натревари. Тука своја улога одигра и коронавирусот, ние бевме првите кои не “закачи“ Ковид-19. Искрено клупата ни е тенка, и се се тоа причини кои доведуваат до ваков развој на настаните. Сепак јас сум оптимист, еве не чека во сабота гостување кај Беласица. Тој меч треба да се добие, а потоа следува двонеделна пауза, токму она што нам ни најмногу потребно, да ја освежиме екипата за претстојните мечеви од есенскиот дел“ изјави за СПОРТМЕДИА тренерот на Ренова.