Барселона го претстави новиот десен бек Сержињо Дест кој дојде од Ајакс. Младиот американски фудбалер го задолжи дресот со број 2, а Барса за него ќе плати дури 21 милион евра, но ќе доплати уште 5 милиони низ бонуси. Олеснителна околност за Барса е што парите ќе ги исплати на три рати и тоа што првата е најниска па клубот може да ги среди финансиските параметри во своите редови кои се влошија за време на пандемијата со коронавирусот.
Дест во Барса ќе го замени Нелсон Семедо кој беше финансиски жртвуван и продаден на Вулверхемптон за 30 милиони евра (плус 10 милиони во бонуси).
Исто така е интересно е што Барселона во договорот со Дест, кој е на пет години, ставила откупна клаузула од 400 милиони евра.
Инаку овој играч кој е роден во Холандија доаѓа на препорака на новиот тренер Роналд Куман. Минатата сезона одигра 35 натпревари во сите конкуренции за Ајакс, а иако имаше понуда да го продолжи договорот со амстердамскиот клуб тој реши да го смени клубот.
Sense paraules… pic.twitter.com/1QwSAcmWA6
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) October 1, 2020