Скопје, Куманово, Тетово и Кочани НАЈЗАГРОЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ГРАДОВИ

1.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопје, Куманово, Тетово и Кочани НАЈЗАГРОЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ГРАДОВИ

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7100, активни 775

• Куманово 1777, активни 184

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1262, активни 51

• Прилеп 689, активни 124

• Тетово 1455, активни 149

• Струга 673, активни 4

• Велес 330, активни 33

• Битола 314, активни 67

• Охрид 430, активни 33

• Кавадарци 241, активни 42

• Гостивар 936, активни 86

• Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 261, активни 15

• Крива Паланка 113, активни 28

• Радовиш 89, активни 25

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 375, активни 161

• Пробиштип 116, активни 2

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 8

• Пехчево 44, активни 3

• Берово 104, активни 30

• Валандово 36, активни 23

• Виница 116, активни 28

• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 25, активни 1

• Свети Николе 353, активни 43

• Кичево 328, активни 34

• Ресен 164, активни 15

• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  3 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата