Иако нема да биде полна, иако капацитет ќе и биде исполнет само со 15%, сепак на “Грбавица“ во Сараево ќе има гледачи на мечот меѓу БиХ и С.Ирска, во натпревар од полуфиналето на плеј – офот за пласман на ЕВРО 2021. Дозвола за вакво нешто дале државните федерални власти на БиХ.

Секако дека тие 2.000 до 3.000 гледачи, можеби и помалку нема да значат многу, но сепак Џеко и компанија ќе имаат поддршка од трибините, макар и симболична.

За разлика од БиХ, нашите власти не ни помислуваат за вакво нешто. И дефинитивно се знае дека на 8 октомври, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, историскиот меч меѓу Македонија и Косово ќе се игра пред празни трибини.

За разлика од Сараево, на Арената во Скопје ќе ги нема ни тие две до три илјади фанови.