Натпреварот помеѓу Џенова и Торино кој требаше да се одигра во сабота на 3 октомври е одложен поради големиот број на заразени лица со КОВИД-19 во тимот од Џенова. Првично Серија А не дозволуваше одложување, па Џенова беше оставена да се снаоѓа како знае и умее, па дури и да прекомандува играчи од младинскиот погон.

Вчера бројката на заразени фудбалери се искачи на 14 од кои 11 фудбалери. Дел од нив дури играа против Наполи во неделата.

Инаку според правилникот ако тимот има 13 фудбалери вклучувајќи го и голманот тогаш натпреварот ќе оди по планот. Ако тимот не може да игра, тогаш го губи мечот службено со 3:0.

Во посебни случаи кога во период од една седмица се појават повеќе од 10 позитивни случаи тогаш мечот може да се одложи. Таков е случајот со Џенова. Мечот е презакажан за 18 октомври, а ако и тогаш Џенова нема 13 здрави фудбалери службено ќе го изгуби натпреварот.