Цеца и Аркан останале живи по грешка: НАТО ги гаѓале нив, но ја погодиле кинеска амбасада

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цеца и Аркан останале живи по грешка: НАТО ги гаѓале нив, но ја погодиле кинеска амбасада

Светлана Цеца Ражнатовиќ, останала жива благодарение на тоа што во моментот на бомбардирањето се наоѓала со својот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, во хотелот „Југославија“ пишуваат норвешки новинари.

Српската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, во текот на бомбардирањето едвај спасила жива глава и тоа благодарение на нејзиниот сопруг. Овој податок го открија Ханс Ос и Ролф Видерое пред неколку години со тоа што го објасниле во својата книга „Воен херој“ („Ратни херој“).

Како што наведоа во книгата, во ноќта кога во рамките на акцијата „Милосрден ангел“ беше бомбардирана кинеската амбасада во Белград, мета бил Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој во тој момент тој се наоѓал со Цеца во хотелот „Југославија“.

Во 1972 година со само дваесет години, илегално имигрирал на запад, надевајќи дека ќе се пронајде таму себе си. Во странство се сретнал и се запознал со многу поранешни југословенски злосторници, кои подоцна ќе бидат убиени или уапсени. Аркан исто така се смета дека бил атентатор во повеќе држави во Европа, како Белгија, Холандија, Шведска, Германија. Бил затворен во Белгија во 1974 година, од каде во 1977 година побегнал. Повторно бил уапсен во Холандија во 1979 и повторно побегнал 1981 година, каде бил ранет во судирот со полицијата. По сите тие криминални дела бил прогласен за десетиот најбаран криминалец во светот, по кој трага Интерпол.
Бомбардирањето на кинеската амбасада предизвика голем меѓународен дипломатски скандал. Мета на нападите требало да биде хотел Југославија и Жељко Ражнатовиќ Аркан, тврдат авторите на книгата. Имено, Аркан, според нивните зборови, бил сметан за легитимна мета затоа што против него во Хаг беше подигнато обвинение за воени злосторства против човештвото.

7 мај 1999 година, ракетите истовремено ги погодиле хотелот во кој беа Цеца и Аркан, но и Кинеската амбасада на Нови Белград.

Иако имале вистински информации за движењето на Аркан, Американците, како што пишуваат норвешките новинари, амбасадата ја погодиле по грешка. Користеле стари мапи, а со ракетите ја погодиле амбасадата при што убија тројца кинески службеници. Потоа изби голем дилломатски скандал поради кој НАТО мораше да се извинува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата