Правило од 30 секунди кое МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ВАШИОТ БРАК

1.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Правило од 30 секунди кое МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ВАШИОТ БРАК

Подигнете ја раката сите што имате впечаток дека вашиот брак паднал во рутина и се движи по патот од кој нема враќање. Иако може да ја поминете секоја слободна минута во текот на денот со партнерот разговарајќи за светски теми, веројатно многу малку време поминувате грижејќи се за вашата врска.

Сосема е нормално дека како што минуваат годините, вашите разговори се сведуваат на планови за оброци, носење децата на училиште, поправки низ куќата и планирани летни одмори.

Сепак, стручни психолози тврдат дека потребни се само 30 секунди за вашата врска да биде зачинета, во најмала рака, и да се врати на вистинскиот пат. Бидејќи вашето време со вашиот партнер, без другите луѓе (и деца) во текот на денот е обично ограничено, не боли да ја испробате оваа тактика за да ги охрабрите работите и да победите на вашиот заеднички фронт.

Затоа, пред да ја прегрнете перницата, обидете се да ги вербализирате моментите во текот на денот што ве направиле да се чувствувате добро, како и да и дадете комплимент на својата сакана.

ПРИМЕР 1: Кажете и колку ви значи тоа што ве пере. Пофалете го нејзиниот труд и одвоеното драгоцено време да на пример да ви ја здипли облеката.

ПРИМЕР 2: Заблагодарете и се што ви направила освежителен пијалок / кафе кога ќе дојдете дома од работа уморен. Нагласете дека никој не го прави тоа подобро од неа.

ПРИМЕР 3:  Жените можат да ги пофалат мажите што ја поправиле вратата од гаражата, замениле сијалица, искосиле тревникот.... За сите овие работи е потребна волја, и ако останат незабележани, волјата се губи.

Поентата е да ги забележите напорите и работата на вашиот партнер и неговите напори што тој ги вложува во име на вашето партнерство. Наместо постојано да го критикувате, фалете го она што сте забележале. На секого понекогаш му е потребна мотивација, поддршка и пофалби, дури и ако тоа не се покажува јавно.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата