Каква чест за Лука Дончиќ, словенечкиот кошаркар, според информациите од САД, во моментов е втората најголема ѕвезда во НБА. Оваа листа се прави во однос на продадените дресови на кошаркарите, и тоа од рестартот на сезоната. Иако Лука и немаше којзнае каков успех со својот Далас на завршниот турнир кој се уште се игра во Дизниленд на Флорида, инаку финалето е во тек, сепак тој е на второто место и тоа веднаш зад неоприкосновениот Леброн. Имено за пвие два месеци најмногу се продавал дресот на Џејмс, потоа Лука Дончиќ, додека на третото место е оној на Ентони Дејвис. Следуваат на четвртото место дресот на Џејсон Тејтум, а на пето место е оној на Јанис Адетокумбо. Да кажеме дека Никола Јокиќ, кој имаше супер настапи и со својот Денвер стигна до финалето на западот, се најде на 14.-тото место.