ДВАТА СВЕТА ВО МАКЕДОНИЈА: Почна учебната година, но не за сите ученици, некои немаат услови (ФОТО)

1.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДВАТА СВЕТА ВО МАКЕДОНИЈА: Почна учебната година, но не за сите ученици, некои немаат услови (ФОТО)

Денеска во Македонија започна новата учебна година во досега најнеобични услови за следење на настава.  Според планот на владата предвидено е од прво до трето одделение учениците да ја следат наставата со физичко присуство, додека останатите онлајн.

Иако власта се пофали дека е спремна за учебната година, голем број на ученици немаат основи услови за живот, а камо ли компјутери и интернет за да ја следат наставата.

Онаму каде што има услови, се појавија министерката Царовска и премиерот Зоран Заев,  кои денеска во училишниот двор на ОУ „Јан Амос Коменски“ им посакаа среќна учебна година на првачињата.

Фото: Фејсбук, Влада

Министерката Царовска верува дека и покрај се годинава ќе биде интересна и успешна.

– Драги првачиња денеска е посебен ден за вас затоа што денеска првпат ќе седнете во училишна клупа и ќе станете ученици. Мене ќе ми биде драго ако оваа година ви е интересна. Можеби ќе биде поинаква, но и потешка во дадени моменти, но сигурна сум дека ќе биде успешна, рече Царовска.

Премиерот Зоран Заев се радувал како и децата и рече дека овој ден е посебен.

Фото: СДК.МК

-Се радувам што сум овде исто како и децата. Денеска сите првачиња го заслужуваат најголемото внимание и сме должни да и го дадеме. Мене ми е посебно драго што во ова училиште можам да ви го честитам првиот училишен ден. Овој ден е посебен и ќе го паметите цел живот.

Сепак, факт е дека голем број на ученици денеска не се радосни. Од медиумите изминативе денови можевме да посведочиме како голем број деца живеат во субстандардни услови како да се наоѓаат во минатиот век. Тие се без елементарни услови за живот, а технологијата вклучително и интернетот ниту им се достапни ниту можат да си ги дозволат.  

Фото: СДК.МК

Иако владата се фали со почетокот на учебната година за овие деца нема решение. За нив учебната година не започна и којзнае дали ќе започне.

Фото: Kumanovonews.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата