Поединци од Исламската верска заедница стојат зад заканите за итна денационализација, вели премиерот Зоран Заев. Според него ниту една верска заедница не е фаворизирана во процесот за враќање на имотите. Тој вели дека се правеле напори комисиите да ја забрзаат постапката но процесот на денационализација не зависел само од нивната работа.

Какви чекори ќе преземе ИВЗ, засега не открива поглаварот Реџепи. Вчера најави дека за случајот ќе проговори утре напладне.

Во писмото испратено до владата, ИВЗ се пожали дека државата има двојни аршини во процесот на денационализација на имотот на верските заедници. Истакна дека во постапките се фаворзира МПЦ а добива и привилегии. Заради ова се закани дека непосредно пред изборите, во над 700 џамии во земјава ќе ги извести верниците за односот на владата кон Исламската верска заеднициа.

 

4

loading...
loading...

Најчитани вести