Педесет и шестгодишниот Ален Робер, кој епознат како францускиот „Спајдермен“ без јажиња се искачи на облакодер во Париз за да помогне да се соберат пари за реновирање на познатата катедрала во Париз, Нотр Дам.

На самиот крај од подвигот, Робер беше уапсен.

„Бидејќи владата нема пари, катедралата постепено пропаѓа“, изјави тој за „Ројтерс“ пред качувањето и додаде дека неговите спонзори потпишале чек од 5.000 евра за помош при реновирањето.

Тој е познат по тоа што се има искачено на облакодери низ целиот свет, но овој пат го освои врвот на зградата висока 185 метри.

 

извор: Makfax

7

loading...
loading...

Најчитани вести