Заев и Спасовски на средба со Димитриевски: Куманово се развива со засилено темпо

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев и Спасовски на средба со Димитриевски: Куманово се развива со засилено темпо

Со низа инфраструктурни проекти општината се развива со засилено темпо, ваков е заклучокот од средбата што денеска ја остварија премиерот, Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

На средбата стана збор главно за инфраструктурните проекти коишто во следниов период ќе се реализираат во општината Куманово.

Истакнувајќи дека околу 30 проценти од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта за претстојната година се наменети за проекти од исклучителна важност за граѓаните на Куманово и на околината, премиерот Заев рече дека општината за многу кратко време ќе заличи на модерен европски град.

Премиерот Заев исто така додаде дека во општина Куманово и во околните средини во претстојните месеци ќе се изградат бројни регионални и локални патишта, водоводи и канализации. Истовремено, како што рече премиерот Заев, покрај ново-изградената градинка лани, годинава ќе се прошират капацитетите на градинката на објектот „Синоличка“.

Градоначалникот на Куманово, Димитриевски на средбата потенцираше дека општината полека излегува од големите долгови со кои се соочувала со години. И тој од своја страна, ги информираше премиерот Заев и министерот Спасовски дека во рамки на 3 основни училиште се изградени или допрва ќе се градат спортски сали.

Исто така Димитриевски информираше дека Министерството за култура го прогласи Куманово за град на културата за 2019-та година, и поради фактот што годинава градот одбележува голема годишнина, односно 5 века од постоењето на градот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата