Познати се сите 32 учесници во групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2020/21. 26 екипи директно се пласираа во групите, а шест преку квалификациите.

На големата сцена ќе видиме четворица дебитанти. Француски Рен и турски Башакшехир директно влегоа во групите, а вечерва преку плеј-офот се пласираа Митјиланд од Данска и Краснодар од Русија. Унгарски Ференцварош се враќа во елитата по 25 години.

Утре со почеток од 17 часот во Женева ќе бидат одредени осумте групи за новата сезона во ЛШ.

Екипите при ждрепката се распоредени во четири садови според ранкингот. Секоја група ќе биде составена од по една екипа од четирите садови со тоа што не можат да се паднат две екипи од иста земја.