Пред неколку недели ПСЖ и Марсеј одиграа доста интересен меч со бројни црвени картони, но и тепачка меѓу играчите. Во центарот на вниманието се најдоа Нејмар и Алваро Гонзалез, беа обвинети за расизам, но истрагата покажа дека нема докази за дисциплинска постапка и нови казни.

Се најавуваше долгорочна суспензија, но нема ништо од тоа.

„По целосно разгледување на случајот, сослушувањето на фудбалерите и на клубовите, комисијата утврди дека нема доволно докази за постапка“, стои во во соопштението на Француската професионална лига.